Рикардо Гомес го однесе Партизан во осминафинале, па направи глупост (Видео)

Рикардо Гомес со два гола му донесе победа на Партизан од 2-1 против Спарта Прага, а со тоа и пласман во осминафиналето на Конференциската лига на УЕФА.

Јунакот на Црно-белите не го дочека крајот на натпреварот. Во 66-тата минута беше исклучен, вториот жолт картон го доби за симулирање, па Партизан на првиот меч од следната фаза ќе биде без својот голгетер.

Можни противници на Партизан во осминафиналето се: АЗ Алкмар, Базел, Копенхаген, Феенорд, ЛАСК Линц, Рен и Рома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести