Детроит мора да го победи Кливленд ако сака финале на Истокот

Петтиот натпревар од плејоф-серијата помеѓу Детроит пистонс и Кливленд кавалирс може да биде клучен во оваа битка за влез во финалето на Истокот затоа што тимот што ќе поведе со 3-2, ќе биде на чекор од целта и во психолошка предност.

Кавалирс е тим кој во годинешниот плејоф досега на гости редеше само порази, а дома само победуваше. Се покажаа како исклучително „домаќинска“ екипа која победува само дома, но против Детроит тоа нема да им биде доволно за да одат во следното коло, мора да победат на гости за да играат конференциско финале. Детроит е прв носител на Истокот, но во плејофот игра променливо, а дома имаат 5-1.

Оваа серија е доста изедначена, најубедливата победа на првите четири меча беше изразена само со 10 поени разлика.

Во понудата на Sport Life има и 14-мина кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат.

- Оглас -

Најнови вести