Рикелме: На денешниве фудбалери најважно им е да се сликаат со фризерот

Легендарниот аргентински репрезентативец Хуан Роман Рикелме, кој денеска е претседател на Бока јуниорс, разочаран е од односот на денешните фудбалери кон професијата со која се занимаваат.

„Ние порано го сакавме фудбалот. Не ни беше до танцување по меч и слични работи. Денеска на играчите поважно им фотографирањето со нивниот фризер. Се чувствувам згрозено, се нервирам што не можам ништо да направам“, вели една од двете најсакани „десетки“ кај фановите на Сино-жолтите од Буенос Аирес, заедно со Диего Марадона.

- Оглас -

Најнови вести