Рикверц за Бундеслигата: Од идната недела пак ќе се игра без публика

Бундеслигата повторно се враќа на позицијата што ја имаше по рестартот на ланската сезона и натпреварите во германското првенство, повторно ќе се игра без присуство на публика.

На почетокот на новата сезона имаше дозвола за ограничен број гледачи на трибините на бундеслигашките натпревари, но од понеделник па до крајот на ноември повторно ќе важи забраната.

Канцеларката Ангела Меркел во координација со гувернерите на сите германски покраини донесе одлука за нов локаут, што ќе ги опфати и спортските натпревари, со тоа и Бундеслигата.

Во Германија повторно има загрижувачки бројки на заразени со корона-вирус, рекордот е од вчерашниот ден со речиси 15 илјади нови случаи на ковид-19, па мерките беа очекувани.

Мерките се применуваа и вчера, па на „Сигнал Идуна парк“, или легендарниот „Вестфален“, мечот меѓу Борусија Дортмунд и Зенит во Лигата на шампионите се играше без публика.

 

- Оглас -

Најнови вести