Рим е „обоен“ во сино и бело: Лацио со играч повеќе даде еден гол, доволно да ја победи Рома

Лацио се радува по големото градско дерби против Рома, откако на „Олимпико“, сино-белите славеа минимално со 1:0. Со оваа победа Лацио стигна до 52 бодови и моментално е на второто место на табелата, додека Рома остана на 47 бодови и е на петата позиција во Серија А.

Два моменти беа клучни на дербито. Првиот се случи во 32 минута кога Роџер Ибањез доби црвен картон.

Предноста од играч повеќе на теренот, Лацио ја искористи во вториот дел кога Матија Закањи со голот во 65 минута донесе голема радост на фановите на Небесносините. Овој погодок вреден три бода за Лацио може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести