Римската волчица ја губи битката за ЛШ, Мурињо е запрен од неговиот поранешен играч

Фудбалерите на Болоња одиграа без голови против Рома во рамки на 35-то коло во Серија А по кое Римската волчица направи два чекори наназад во битката за пласман меѓу првите четири на табелата кој носи во Лигата на шампионите.

Мурињо беше запрен од неговиот поранешен играч, Тијаго Мота, кој сега е главен тренер на Болоња.

Рома по 35 кола се наоѓа на шестото место на табелата со 59 освоени бодови, дури шест помалку од четвртопласираниот Интер, додека Болоња е 11-та со 47 освоени бодови.

Единствена шанса за Рома и Мурињо да обезбедат пласман во Лигата на шампионите следната сезона е доколку триумфираат во Лигата на Европа. Рома по првиот полуфинален меч има предност од 1:0 против Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести