Останува помалку од еден ден да се одиграат паровите од десеттото коло на Спортска прогноза на Sport Life. Во понудата има 13 интересни меча, а стандардно главна цел е да се погодат фиксовите на сите понудени дуели.
Во ова коло во фокусот се три градски пресметки. Лацио на „Олимпико“ ќе ја пречека Рома, Севиља е домаќин на Бетис, а Бенфика ќе води битка против Спортинг за тоа кој е подобар во Лисабон. Речиси 2.000 прогнозери повеќе веруваат во домашните тимови на овие дерби дуели, па дури 67 отсто, односно две третини од прогнозерите очекуваат победа на Севиља, а над 60 отсто се фиксовите и за „кец“ на португалската пресметка.
Кога се работи за римското дерби, најголем број од прогнозерите веруваат во нерешено, па речиси половина од нив одиграле на „икс“. За Лацио се малку повеќе од 30 отсто, а во тимот предводен од Жозе Мурињо веруваат малку повеќе од 20 отсто од прогнозерите.
Покрај овие три дерби-дуели, тука се уште 10 интересни натпревари на кои треба да се погодат фиксовите. Главната премија е еден од подароците Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен рротинет, PlayStation®5 за оној што ќе успее да погоди Среќка 13. За 12 погодени фиксови се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари.