Рио му порача на Кејн: Ако сакаш трофеи, замини од Тотенхем

Тотенхем вчера претрпе дебакл каков што нивните навивачи досега не паметат. Баерн Минхен беше немилосрден кон европскиот вицепрвак и ја смести топката седумпати зад грбот на Љорис. Баварците славеа со 7-2, а по мечот следуваа критики кон тимот на Покетино од страна на поранешни англиски фудбалери.

Рио Фердинанд, легендата на Манчестер јунајтед, се сврте кон Хари Кејн и му посочи дека треба да го напушти клубот доколку сака да освои барем еден трофеј пред да ја заврши кариерата.

„Мислам дека веќе и самиот се прашува што да направи понатаму за да има успешна кариера. Хари има 26 години, а во светот на фудбалот само еднаш ти се пружа прилика да заиграш за голем клуб. Мора да го направи тој чекор, инаку ќе остане без ниту еден трофеј. Тотенхем има добар тим, но тоа не е доволно за да се наметне меѓу главните конкуренти. И јас бев во слична позиција, со Лидс за малку ќе ја освоев титулата во Англија, играв во полуфиналето на ЛШ, но сметав дека можам да остварам многу повеќе. Направив брза одлука и се покажа како вистински избор“, истакна Фердинанд.

Фердинанд во 2002 година се пресели во редовите на Манчестер јунајтед, каде што освои вкупно 14 трофеи за 12 години, од кои шест се титули во Премиер лигата, како и еден трофеј во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести