Рио со еден збор на оригинален начин го објасни феноменот Роналдо (Видео)

Сè уште се сомневаат во него дека може да игра на врвно ниво, но Кристијано секогаш има одговор за сите критики. Тој е вонземјанин, вели Рио Фердинанд во својата видеообјава, по рекордот на некогашниот негов соиграч во Манчестер јунајтед.

Роналдо вчеравечер со два фантастични гола во самиот финиш ѝ донесе победа на Португалија против Република Ирска и сега е светски рекордер со 111 погодоци во натпреварите на репрезентациите на интернационално ниво.

https://twitter.com/rioferdy5/status/1433395734695514114?s=20

Фердинанд вели дека Роналдо сè уште игра на врвно ниво и урива рекорди со луди бројки и дека со нетрпение го очекува неговиот камбек на теренот во дресот на Манчестер јунајтед.

Кристијано во финишот на летниот преоден рок се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед, што за него е камбек кај Црвените ѓаволи по 12 години пауза.

 

- Оглас -

Најнови вести