Ришарлисон со фризура „Роналдо 2002“, а берберот е ѕвезда на Манчестер сити (Фото)

Бразилскиот напаѓач Ришарлисон, кој игра за Евертон, вчера наполни 24 години, а на прославата беше и голманот на Манчестер сити, Едерсон, па двајцата сонародници решија да се забавуваат со тоа што Едерсон со машинка ќе му направи фризура на Ришарлисон како онаа на Роналдо Назарио од Светското првенство во 2002 година.

Роналдо тогаш беше прв стрелец на Мундијалот, а иако Ришарлисон бил дете кога Роналдо ги полнеше мрежите, сепак му оддаде признание на славниот сонародник, кој на Бразил му ја донесе засега последната светска титула.

Сепак, подоцна славеникот се фотографира како дува свеќички и таму ја нема роналдовската фрузира туку целосно е истрижен на „нула“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести