Рисовите стигнаа во Варшава, ги пречекаа со фотки и автограми (фото)

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Варшава во пресрет на дуелот против Полска закажан на 13 октомври. Нашите Рисови беа пречекани како ѕвезди, а тие со задоволство позираа за заедничко фото со фановите и без проблем поделија автограми.

Репрезентативците денес ќе имаат тренинг од 18 часот со минимален интензитет, што е нормално по патувањето и вчерашниот меч против Словенија, додека првите подготовки за дуелот со Полјаците ќе бидат утре од 11 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести