Ристовски го даде единствениот гол и овозможи Адеми со победа да си замине од Динамо Загреб!

Аријан Адеми го одигра последниот меч во дресот на Динамо Загреб и легендарниот капитен на најтрофејниот хрватски клуб, сега ќе ја продолжи кариерата во Кина. Адеми помина 13 години во дресот на Динамо, одигра голем број мечеви, постави рекорди за кои ќе се збори уште долго, а на крајот, си замина победнички.

Динамо минимално со 1:0 славеше над Риека, а стрелец на единствениот гол беше Стефан Ристовски. Капитенот на македонската репрезентација погоди во второто полувреме за радост на домашните навивачи и за победничко испраќање на Адеми.

Навивачите на Динамо направија специјална кореографија за Адеми и испратија порака на која пишуваше „ 373 пати срце на терен- капитену ти благодариме“.

 

- Оглас -

Најнови вести