Ристовски и Адеми го прегрмеа Краснодар, храбрата Ѕвезда ремизираше со Милан

Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб, и неговиот соиграч од македонската репрезентација Стефан Ристовски одиграа одличен меч на стадионот „Краснодар“ во Русија, и тоа пред публика и се на прагот на осминафиналето во Лигата на Европа.

Популарните Модри победија со 3:2 и ќе имаат голема предност пред реваншот во Загреб за една седмица. Бруно Петковиќ беше извонреден и постигна два гола на меч на кој Динамо трипати водеше и успеа да победи.

Адеми и Ристовски го одиграа целиот меч и сега имаат голема шанса да се пласираат меѓу 16-те најдобри екипи во Лигата на Европа.

Во Белград на „Маракана“ без присуство на гледачи храбрата Црвена ѕвезда му пружи силен отпор на гигантот Милан и успеа да одигра 2:2

Милан Павков беше јунакот на домаќините со израмнувачки гол во 93-тата минута, и тоа кога „црвено-белите“ играа со фудбалер помалку.

Претходно, Радован Панков си постигна автогол во првото полувреме, потоа Канга израмни од пенал, но со нов удар од белата точка Ернандес му донесе предност на Милан од 2:1. Реваншот ќе биде интересен, а поранешните европски прваци ќе бијат битка за пласман во осминафиналето.

Луд меч одиграа Јанг бојс и Баер Леверкузен во Берн. Домаќните водеа со 3:0 по првото полувреме, потоа гостите за 20 минути во вториот дел израмнија на 3:3, но и загубија по победничкиот гол на Сиботко во 89-тата минута.

Убедливи победи за мирен реванш постигнаа англиските екипи, Манчестер јунајтед против Реал Сосиедад со 4:0 и Тотенхем против Волфсбергер со 4:1 на гостински терен.

Олимпијакос славеше со 4:2 против ПСВ Ајндховен, а Славија Прага и Лестер одиграа меч без голови.

 

- Оглас -

Најнови вести