Ристовски и Динамо Загреб на теренот на најлутиот ривал ја освоија титулата

Фудбалерите на Динамо Загреб на теренот на најлутиот ривал, Хајдук Сплит, ја освоија титулата во хрватскиот шампионат.

На стадионот „Пољуд“ Хајдук и Динамо одиграа без голови и тимот од Загреб со освоениот бод, ја освои титулата бидејќи на четири кола до крајот има 12 бода предност пред лутиот ривал. Ова е 23-та шампионска титула за Динамо Загреб од 1992 година па досега.

https://twitter.com/gnkdinamo/status/1652736592149114880?s=20

За старо-новиот хрватски шампион, целиот натпревар го одигра капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести