Ристовски казнет со два меча, не игра против Бенфика

Стефан Ристовски мина подобро од очекувањата и ќе паузира само на два натпревари на Спортинг, по исклучувањето на дуелот со Сетубал.

Дисциплинската комисија го казни поради директниот црвен картон и со парична казна од 1.150 евра, а за жал на Ристовски, тој нема да игра на големото градско дерби на Лисабон со Бенфика, што е на распоред утре од 18.30 часот на „Жоао Алваладе“, домот на Спортинг.

Стефан ќе го прескокне и гостувањето кај последнопласираниот Феиренсе на 10. февруари и ќе биде во комбинација за дербито со Брага, една седмица подоцна.

 

- Оглас -

Најнови вести