Ристовски: Македонија му отвора очи на фудбалскиот свет

Капитенот на Макеоднија, Стефан Ристовски, вели дека е среќен што оваа репрезентација успеа да ја израдува целата нација.

„Исполнет сум со емоции. Горд сум. Колку и да звучеше пред мечот дека сме релаксирани, притисокот си го направи своето. Македонија не е навикната да игра вакви мечеви за влез на европско и за влез на светско. Македонија му отвора очи на фудбалскиот свет. Квалитетот излезе на површина. Македонија е задушена од разни работи и затоа сум дополнително среќен сум што успеавме да ги израдуваме навивачите. Во нашата соблекувална нема врска дали си црн или бел, дали си Македонец или Албанец, сите гинеме за националниот дрес“, рече Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести