Ристовски не менува цимер – Фернадес го продолжи договорот со Спортинг

Стефан Ристовски нема да го менува цимерот од Спортинг, а популарните Лавови од Лисабон го добија најголемото засилување од сопствените редови.

Капитенот Бруно Фернандес одлучи да го продолжи договорот со Спортинг до 2023 година, иако за него имаше огромен интерес во летниот преоден рок.

Бруно е еден од најголемите пријатели на нашиот репрезентативец  во Спортинг, а Ристовски постојано истакнува дека капитенот многу му помогнал побрзо да се прилагоди на условите во клубот што е великан во Португалија.

Image result for bruno fernandes stefan ristovski"

Фернадес имаше понуди од Манчестер јунајтед и од уште неколку големи клубови од Европа ова лето, се шпекулираше со отштета од 50 милиони евра, но сепак не направи трансфер и остана во својот клуб.

Сега и го продолжи договорот со Спортинг за уште четири години.

- Оглас -

Најнови вести