Ристовски нема дилеми: На „Максимир“ ќе се слави шампионската титула

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, е убеден дека неговиот тим Динамо Загреб ќе оствари позитивен резултат во најголемото дерби во Хрватска против Хајдук Сплит, кое ќе се игра в сабота, на „Пољуд“, и на крајот ќе ја освои титулата.

Во хрватскиот шампионат одамна не била неизвесна битката за титулата како што е сезонава, Риека е лидер на табелата со 59 бода, Хајдук Сплит е втор со 55, а Динамо Загреб е трет со 54 бода и натпревар помалку.

Интересно е што Хајдук и Динамо Загреб во Сплит ќе одиграат два меча само за четири дена. Прво в сабота ќе се сретнат во рамките на хрватското првенство, а на трети април ќе играат во полуфиналето на Купот на Хрватска.

Ристовски е убеден дека Модрите ќе остварат позитивен резултат и на двата меча.

„Убеден сум дека успешно ќе ја завршиме сезоната. Нормално дека ќе биде така, не сум препотентен и вообразен, знам што зборувам и знам колку сме квалитетни. Респект за сите, но титулата ќе се прослави на „Максимир“, се зборовите на Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести