Ристовски стандарден, Спортинг сигурен

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одново беше стандарден во составот на Спортинг Лисабон, во триумфот од 3-1 против Портимоненсе. Ристовски го одигра целиот меч, а неговите соиграчи се погрижија да останат непоразени во четири последователни првенствени меча.

Двата брзи гола на Дијаби и Рафиња во 10-тата, односно 11-тата минута од мечот го ставија домашниот состав во поволна позиција, а Паулињо во 30-тата минута го постигна единствениот гол за гостите. За третиот погодок на Спортинг се чекаше до 90-тата минута, а Фернандес од белата точка ги постави конечните 3-1.

Спортинг по овој меч остана на четвртото место со 49 бода, има три помалку од третопласираната Брага, додека Портимоненсе е на 10-тото место со 28 бода.

- Оглас -

Најнови вести