Ристовски: За мене дресот на Македонија е светост, за него се дава 200 отсто

За мене дресот на Македонија е светост и не 100, туку треба да даваме 200 отсто на секој меч. Ова е дебакл и се враќаме на старите грешки. Не можам да верувам дека играме вака, а во клубовите сме одлични. Треба да се запрашаме зошто вака игравме. Криво ми е и тоа многу, имаме репрезентација што е посилна од сите во нашата група, но не игравме како што знаеме, изјави Стефан Ристовски.

Тој беше единствениот од нашито табор подготвен да даде изјава по дебаклот со Австрија од 1:4.

„Ќе ги истуркаме овие квалификации, но добро е што имаме шанса за пласман на Европското првенство и преку Лигата на нациите. Се надевам дека ќе извлечеме поука од овој пораз“, додаде Ристовски.

 

- Оглас -

Најнови вести