Ривалдо: Бразил ќе триумфира на Копа Америка, а потоа Нејмар треба да се врати во Барселона

Поранешниот број 1 во светот, Ривалдо вели дека Бразил е главен фаворит за претстојното јужноамериканско првенство, популарната Копа Америка. Ривалдо кој со Бразил бил и светски и континентален првак, верува дека е време Кариоките повторно да се радуваат на трофеј. Копа Америка ќе започне на 14 јуни и ќе трае до 7 јули, а Бразил е домаќин на натпреварувањето.

„Мислам дека Бразил со леснотија ќе ја освои Копа Америка. Не гледам кој може да го победи Бразил, посебно сега кога во тимот се врати Нејмар. Според мене, тој е најдобриот играч во тимот“, вели Ривалдо.

Поранешниот играч на Барселона вели дека Нејмар треба да се врати во гигантот од „Камп Ноу“, каде што играше во периодот од 2013 до 2017 година, пред да се пресели во Пари Сен Жермен.

„Според мене, Нејмар треба да се врати во Барселона. Тоа ќе биде голема работа за двете страни“, додаде Ривалдо.

Нејмар веќе неколку дена е во центарот на вниманието во фудбалски Бразил. Најпрво остана без капитенската лента, а потоа на еден тренинг грубо го тресна од земја еден од помладите играчи, само затоа што Нејмар наседна на неговиот дриблинг.

 

 

- Оглас -

Најнови вести