Ривалите се согласија за датумот, се чека потврда

Откако се потврди дека првото Ел Класико сезонава нема да се игра на 26 октомври, Барселона и Реал Мадрид со свои соопштенија го одредија датумот на кој им одговара да го одиграат големото дерби на Шпанија.

И на двете страни им одговара да се сретнат на 18 декември, притоа да не се менува местото на настанот, што значи дека ќе се игра на „Камп ноу“ како што првично беше договорено и според распоредот на Ла Лига. Она што останува да се направи за да има и официјална потврда, е Ла Лига и Шпанската федерација да го одобрат датумот, а тоа ќе се случи во најскоро време.

Иако се инсистираше Ел Класико да се одржи на 7 декември, тој предлог клубовите не го прифатија, па падна меѓусебен договор. Како што е веќе познато, причина за одложувањето на најголемиот фудбалски настан е поради немирите во Каталонија, кои станаа секојдневие околу осамостојувањето на оваа покраина.

- Оглас -

Најнови вести