Ривалството на Пеп и Тухел делуваше нерамноправно во Германија, сега е друга песна

Томас Тухел во само четири месеци од човек кој дојде да го гаси пожарот во Челзи стана миленик на фан базата на Сините. Неговата тактика вчера се покажа како беспрекорна во финалето против Манчестер сити по кое лондонскиот тим по вторпат во клупската историја го крена трофејот со големите уши, а Тухел ја продолжи традицијата како трет германски тренер во низа кој со својот тим стига до европскиот врв, по Јирген Клоп со Ливерпул и Ханси Флик со Баерн Минхен.

Со оваа победа се роди и ново ривалство меѓу Тухел и Гвардиола. Ова беше трета пресметка меѓу двајцата стратези како предводници на Челзи и Сити, а Тухел ги доби сите три во период од околу 40 дена. Сините славеа со 1-0 во полуфиналето во ФА купот на 17 април, па со 2-1 го освоија „Етихад“ на 8 мај, а точно три недели подоцна се забележа и најважната победа.

Претходно Тухел како тренер на Дортмунд никогаш немаше остварено победа над Гвардиола кога го водеше Баерн. Германецот загуби четири од вкупно пет дуели, меѓу кои еден беше борба за трофејот во германскиот Куп. Сега е сосема друга песна, а од следната сезона во Англија може да се очекуваат нови возбудливи битки на двајцата менаџери кои со сигурност ќе го продлабочат ова ривалство.

- Оглас -

Најнови вести