Ривер – Бока да се игра што подалеку! Не во Буенос Аирес, не во Аргентина, не во Јужна Америка

Втор ден по ред, реванш мечот од финалето во Либертадорес Купот помеѓу Ривер плата и Бока јуниорс е откажан. Континенталниот шампион на Јужна Америка требаше да биде познат уште синоќа, но поради дивеењето на навивачите на Ривер плата, дуелот се одложи.

Фановите на Ривер го нападнаа автобусот во кои беа играчите на Бока, додека патуваа кон стадионот „Монументал“. Од искршените стакла на автобусот беа повредени неколку играчи, а најмногу настрада капитенот Пабло Перес кој има исекотина над окото. Откако беше јасно дека безбедноста не е на посакуваното ниво, синоќешниот дуел беше презакажан за вечерва.

Сепак, ни вечерва нема да има шоу на „Монументал“. Играчите на Бока не сакаа да играат без повредениот капитен, а таа нивна желба им се исполни. Официјално дуелот е одложен за 8 декември, но може да се случи реваншот воопшто да не се игра на „Монументал“.

Шпекулациите велат дека дуелот кој треба да го реши шампионот на Јужна Америка, може да се игра во Абу Даби. Тоа е местото каде во декември ќе се игра Светското клупско првенство. На тој начин, двете екипи ќе бидат многу посигурни, а победникот ќе биде аклиматизиран за наредните предизвици на Светското клупско првенство.

Ова засега е само како предлог, а допрва треба да се реши што ќе биде конечната одлука.

- Оглас -

Најнови вести