Ривер плејт ја освои титулата во аргентинското првенство. Јужномаериканскиот фудбалски гигант по 36-ти пат го подигна трофејот наменет за најдобриот тим во Аргентина откако со 4:0 победи на гостувањето кај Расинг Авеланеда и со тоа остана недостижен за другите ривали на три кола до крајот на шампионатот.
Ривер има дури 12 бодови пред второпласираната Дефенса и Хуанита. Во 22 меча кои ги одигра за да стигне до тронот, Ривер оствари 16 победи, четири нерешени дуели и само двапати загуби.
За Ривер ова е прва титула во домашното првенство по пауза од седум години. Во историјата на аргентинскиот фудбал Ривер сега има 36 титули, две повеќе од најголемиот ривал Бока јуниорс.