РК Алкалоид официјално потврди, европското финале со АЕК ќе се игра во „Борис Трајковски“!

Ракометниот клуб Алкалоид потврди дека реванш-натпреварот против АЕК Атина од финалето на ЕХФ Европскиот куп ќе се игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Првиот дуел од ова финале во третото по квалитет клупско натпреварување во Европа ќе се игра на 18 мај во „Сунел арената“ во Атина, која е поголема од „Борис Трајковски“.

Станува збор за спортска сала во западниот дел на Атина, изградена за Олимписките игри во 2004 година, таму се одржуваа олимписките натпревари во боречките спортови. Има капацитет да прими околу 9.000 гледачи, а од 2019 година ја користи кошаркарскиот клуб АЕК, но е приспособена за одржување и на ракометни натпревари, годинава таму беше фајналфорот од грчкиот куп.

Но, реваншот се игра во Скопје, знаеме какви ракометни имиња потклекнувале во „Борис Трајковски“ и Алкалоид секако ќе има силна поддршка од трибините во обидот да стигне до својот прв меѓународен трофеј во кратката клупска историја.

- Оглас -

Најнови вести