Ракометниот клуб Вардар 1961 преку социјалните мрежи упати честитка до Русинот Тимур Дибиров за простувањето од Лигата на шампионите. Вечерва Дибиров во Загреб го одигра последниот меч во кариерата во ЛШ, натпреварување во кое е втор стрелец на сите времиња, а двете европски титули ги освои играјќи за скопските Црвено-црни.
„Дојде во Вардар, играше, освои сè што можеше и влезе во легендите. Ти благодариме што девет сезони беше дел од клубот и заедно се радувавме на сите успеси. Те чекаме во Скопје и заедно да прославиме. Ќе останеш секогаш нашиот спортски херој“, објавија од Вардар 1961.