РК Вардар со триумф над Мелсунген се збогува со Лига Европа

Рамометарите на Вардар со победа (32-30) над Мелсунген го заокружија настапот во групната фаза од Лига Европа. Со две победи, три порази и едно реми, Црвено-црните се простуваат од натпреварувањето откако ја освоија третата позиција во групата.

Вардар одигра одличен меч пред своите гледачи. Првото полувреме заврши 17-17, но во вториот дел ракометарите на Вардар одиграа многу помотивирано и му го нанесоа првиот пораз на Мелсунген.

Кооиј беше стрелец на осум гола, а Крсманчич постигна шест за тимот на Вардар, но на голот одличен беше и голманот Переира со 15 одбрани.

Баруфет од Мелсунген со 10 гола беше најефикасен ракометар на овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести