Робен пак се повреди, Ковач се „крсти“ во Коман

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, се соочува со нови проблеми во пресрет на реваншот со Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите. Иако пред неколку дена од таборот на гермнаскиот првак најавија дека Арјен Робен се врати на тренинзите со тимот, Холаѓанецот денес се здобил со нова незгода, а Ковач го отпиша за реваншот против „црвените“.

„Робен пред два дена повторно се повреди и нема да може да игра одредено време. За Ливерпул дефинитвно отпаѓа од плановите. Добро е што Коман се чувствува добро, се надевам дека тој ќе ми биде на располагање, а наскоро очекуваме и враќање на Корентен Толисо, кој долго време отсуствуваше“, истакна Ковач.

Коман се справува со повреда на тетивата, неговото закрепнување се одвива според планот. Ковач се надева дека младиот Французин ќе го пополни местото на Робен. Што се однесува за Толисо, тој пропушти голем дел од сезоната поради повреда на лигаментите на коленото.

Првата средба на „Енфилд“ заврши без голови, а реваншот е закажан за 13-ти март, среда, со почеток во 21 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести