Робен си оди од Баерн, но повторно ќе игра во црвено-бел дрес

Холандскиот ветеран Арјен Робен по завршувањето на сезонава, кога му истекува договорот со Баерн Минхен, по десет години ќе го напушти баварскиот клуб и ќе направи трансфер во клуб кој ќе учествува во Лигата на шампионите. Според германскиот весник „Билд“, фаворити за привлекување на 35-годишното крило се Бенфика и Ајакс.

Ова е малку чудо бидејќи клубовите од Лисабон и Амстердам се познати дека форсираат млади играчи, но можеби мислат дека добредојдено би им било искуство од човек кој играл за ПСВ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн.

Робен сезонава играше само на 16 меча и даде пет гола, од кои два против Бенфика. Можеби и затоа во Бенфика не мислат дека тој е престар и би можеле да го донесат ако останат без талентираниот Жоао Феликс.

- Оглас -

Најнови вести