Роберт Левандовски влезе во историјата како фудбалер на сезоната

Очекувано, Роберт Левандовски за првпат во кариерата ја доби наградата за најдобар играч во Европа во минатата сезона. Првиот Полјак кој ја добива оваа награда, во минатата сезона во Лигата на шампионите постигна дури 15 гола и беше еден од најзаслужните, можеби и најзаслужен за европската титула на Баерн.

Во минатата сезона оваа награда ја доби Вирџил ван Дајк од Ливерпул, а сега кандидати беа Левандовски, Мануел Нојер и Кевин де Бројне.

Левандовски доби 477 гласа, а вториот Де Бројне 90 и ова е доволен показател дека наградата за Полјакот е повеќе од заслужена.

Во женска конкуренција, најдобра фудбалерка е Пернил Хардер која летово направи рекорден трансфер во Челзи. Тренер на сезоната е Ханси Флик од Баерн. И тука немаше дилеми кој ќе победи во гласањето.

- Оглас -

Најнови вести