Роберто Карлос: Да одлучував јас, Нејмар одамна ќе беше во Реал

Легендата на Реал Мадрид, Роберто Карлос, кој работи во телевизијата на клубот, би сакал во дресот на Кралскиот клуб да го види својот сонародник Нејмар.

„Да беше до мене, Нејмар одамна ќе беше во Реал. Но, животот не е таков каков што го замислува еден поединец. Големите играчи мора да играат за најголемите клубови. Реал Мадрид е чест и привилегија за секого. Ако сакате да освоите Лига на шампиони, треба да дојдете во Реал“, порача најдобриот лев бек во историјата на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести