24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Робертсон го продолжи договорот со Ливерпул до 2024 година

Енди Робертсон останува на „Енфилд роуд“ до 2024 година, откако денеска го продолжи договорот со Ливерпул.

Едно од најпријатните изненадувања во Премиер лигата вели дека без размислување прифатил да остане во редовите на лидерот најмалку уште пет години.

„Веднаш прифатив без размислување да го продолжам договорот. Едноставно е, го сакам клубот и уживам во Ливерпул“, изјави 24-годишниот бек на Ливерпул.

Робертсон со одлични игри се наметна како стандарден првотимец во системот на игра на Јирген Клоп и игра импресивно. Досега има 56 настапи, а го следеше примерот на Џо Гомес и на Садио Мане, кои неодамна потпишаа нови договори со Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести