Робертсон: Навивачите на Бенфика кои ме гаѓаа со запалки, се надевам дека веќе нема да пушат

Енди Робертсон, бекот на Ливерпул кој ги изведува корнерите, а и првиот гол падна по негов центаршут од аголот, се пошегува по натпреварот со Бенфика.

Португалските фанови фрлаа запалки и стапчиња кон гостинските фудбалери кога ќе се доближеа до трибините, па Шкотланѓанецот имаше порака до сите кои го гаѓаа.

„Неколку запалки беа фрлени кон мене додека изведував корнер. Не треба да се фрлаат предмети кон теренот, може некој да биде повреден. За среќа, ниту една запалка не ме погоди. Можеби ова ќе ги натера да престанат да пушат, тоа е позитивното во овој случај“, изјави Робертсон.

- Оглас -

Најнови вести