Робертсон: Не сакам Меси да дојде во Премиер лигата

Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон, го кажа своето мислење за иднината на аргентинската ѕвезда Лионел Меси. Популарниот Пулга (вошка) најави дека сака да си замине од Барселона и да премине во Манчестер сити, но ривалите на Граѓаните стравуваат од такво сценарио.

Шкотланѓанецот Робертсон двапати во кариерата играл против Меси и вели дека тоа му биле две најтешки средби.

„Ливерпул ја отфрли можноста да го купи, така што не сакам да го видам во Англија. Се надевам дека ќе остане во Барселона. Сум играл двапати против него и тоа беа двете најтешки средби на коишто сум учествувал”, призна шкотскот капитен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести