Ориги е златен џокер – Ливерпул има моќна тактика за титула, му ја покажа и на Евертон (Видео)

Енди Робертсон и Дивок Ориги постигнаа златни голови за Ливерпул за победа од 2:0 против Евертон во градското дерби со што тимот остана во трката за титулата.

Бекот на Ливерпул беше прецизен со удар со глава во 62. минута, а Ориги на ист начин погоди во 82. минута доволно да се освојат бодовите и со еден бод помалку од лидерот Манчестер сити и да се остане во трката за титулата.

И на едно од најголемите градски дербија на светот Ливерпул покажа дека има моќно оружје, а тоа се головите со удари со глава.

Денешните на Робертсон и на Ориги се број 13 и 14 за победа против Евертон, а ниту еден тим нема повеќе голови постигнати со глава од Ливерпул.

Ориги досега во кариерата има постигнато шест гола против Евертон, двојно повеќе од погодоците против било кој друг клуб во Премиерлигата.

Црвените од Енфилд роуд имаа огромна доминација на теренот што ја крунисаа со два  гола во второто полувреме доволно за победа и враќање на разликата од само еден бод минус во однос на лидерот и актуелен првак Манчестер сити.

Евертон падна на 16. место со 29 бода и сега популарните Карамели се во зоната за испаѓање на пет кола до крајот, но и со меч помалку од ривалите.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести