Талентот на Робињо остана неискористен но магијата која што ја има во нозете сите ги воодушевуваше (ВИДЕО)

Робињо и дефинитивно ќе треба да одлежи деветгодишна затворска казна, откако судот во Милано го прогласи за виновен за силување на Албанка во 2013 година.

Бразилецот во моментов е во својата татковина и не е јасно дали ќе биде депортиран во Италија, или пак казната ќе ја одлежи во Бразил.

Робињо остана познат по тоа што негоивот талент речиси и да не беше искористен, иако магијата која што ја покажуваше на терените, оставаше многумина со подотворени усти.

Некогашниот играч на Сантош, Реал Мадрид, Манчестер сити, Милан и ред други клубови, каде и да настапуваше покажуваше широк спектар на фудбалски потези кои навивачите подоцна се обидуваа да ги „копираат“ на маалските игралишта.

- Оглас -

Најнови вести