Замислете каков спектакл бил – Робињо раскажа за џиу-џицу битката на Златан и Рино

Златан Ибрахимовиќ е арогантен човек во позитивна смисла на зборот и е еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња. Никогаш никого не изневерил, или навредил во животот. Нормално е да се цени со таков талент и квалитет, вели Робињо за некогашниот соиграч од Милан.

Робињо играше во ерата кога дресот на Росонерите го носеше и Џенаро Гатузо и раскажа интересен детаљ од тој период.

„Златан на еден тренинг го предизвика Гатузо на меч во Џиу-џицу. На едната страна имате дефанзивец што секогаш играше со срце, бескомпромисно и за себе и за ривалите, вистински фајтер и робусен напаѓач што тешко можеше да го задржи било која одбрана. Ќе погодите ли кој победи? Па се знае, Златан никогаш не губи“, раскажа Робињо во интервју за „Марка“.

Триото фудбалски ѕвезди играше заедно во Милан во перидот од 2010 до 2012, а во сезоната 2010/11 заедно се радуваа на последната шампионска титула во Калчото од вкупно 18 што ги имаат Росонерите.

- Оглас -

Најнови вести