Милан го прошета и прегледа Робинсон и потоа му го врати на Виган

Има и такви случаи во фудбалот, играч да ги мине и медициснките прегледи и кога трансферот изгледа неизбежен да се изјалови.

Токму тоа денеска му се случи во Милано на репрезентативецот на САД Ентони Робинсон. Перспективниот 22-годишен бек требаше само да ја заврши формалноста и да потпише договор со Милан, откако ги мина и медицинските прегледи, но во последен момент до потпис не дојде.

Двете страни не се договорија околу условите, па Робинсон се врати во Виган и ќе продолжи да игра за англискиот второлигаш.

Робинсон е еден од најперспективните фудбалери на САД, а одлично игра за Виган и стаса на чекор до преселба во редовите на италијанскиот гигант Милан, но немаше среќа во мноигу чудниот случај денеска.

 

- Оглас -

Најнови вести