Роденденско шоу без изненадување за Кари, Пеликаните високо го надлетаа Клиперс (видео)

Голден стејт по неуспешната турнеја и четирите порази во низа, се врати на домашен терен со заслужена победа од 131:119 над лидерот на Запдната кофнреценија, Јута џез, во ноќта која ја одбележа славеникот Стеф Кари.

Двократниот шампион и еден од најдобрите играчи на денешницата, на денот кога го прослави својот 33-ти родеден брилјираше на теренот со 32 поени, 9 асистенции и 5 скока, недозволувајќи никакво лошо изненадување, по што Кари по победата си доби заслужена торта во вид на корпа со пуканки.

Јута од самиот почеток мораше да брка резултат, кој единствено беше во низна корист при 9-11, а потоа западна во двоцифрена негатива од која не најде излез до самиот финиш. Џезерите во неколку ситуации стигаа на само половина кош заостаток, но ова беше вечер на славеникот Кари.

Покрај Стеф, ефикасни 28 поени забележа Вигинс, додека Руди Гобер беше во елемент со рекорд на кариерата од 28 скока, врзани со 24 поени. Мичел даде исто толку, Конли заврши со 23 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=eeUdTkGQ3uo

Кавај Ленард и Пол Џорџ почувствуваа немоќ откако Клиперс немаше сили да се надигрува со младите Пеликани во тешкото гостување кое екипата од ЛА го загуби со 135:115. Ова е четврти пораз во последните пет меча за Клиперс, за кој главните ѕвезди немаа решение да го спречат.

Њу Орлеанс го диктираше темппото од самиот старт и не ѝ дозволи на екипата од Ел – еј ниту еднаш да го преземе резултатот. Силниот влез на домаќините во второто полувреме, односно третиот период во кој постигнаа високи 43 поени, беше знак дека Клиперс ќе го положи оружјето. Пеликанс имаа и највисоки +33 во последните 12 минути, но и конечниот резултат беше повеќе од доволен за сигурна победа.

Зајон Вилијамсон беше одличен со 27 поени, го следеа Инграм со 23 и Бол со 20 поени. Ленард беше единствена светла точка за Клиперси со 23 поени и пет скока.

Останати резултати НБА:

Филаделфија 134:99 Сан Антонио, Орландо меџик 97:102 Мајами, Атланта 100:82 Кливленд, Хјустон 107:134 Бостон, Минесота 114:112 Портланд, Чикаго 118:95 Торонто.

- Оглас -

Најнови вести