Родениот татко го исмева Халанд кој беше исфрлен од ноќен клуб

Ерлинг Халанд е фудбалерот кој блесна сезонава и со целиот талент кој го покажа, увери дека пред него е блескава иднина. Халанд започна како играч на Салцбург, а во јануари направи трансфер во Борусија Дортмунд, каде продолжи со блескавите игри.

Првенството во Бундеслигата заврши, а Халанд доби слободни денови во кои може да ужива. Сепак, очигледно е дека Халанд не се снаоѓа најдобро кога се работи за ноќниот живот.  Голгетерот на Борусија бил излезен на забава во родната Норвешка, но не си поминал најдобро.

Фудбалерот бил исфрлен од ноќниот клуб во кој се забавувал, а има и видео снимка од целиот инцидент, која може да ја видите ТУКА.

За целата ситуација, свое видување имаше и таткото на Ерлинг, Алф Инге Халанд. Некогашниот играч на Манчестер сити му порача на својот син Ерлинг дека најдобро е да се врати на тренинзите и работата.

„Ајде Ерлинг врати се на работа. Не е за тебе ноќниот живот во големиот град“, стои во советот кој таткото го дава на својот син.

- Оглас -

Најнови вести