Роџер Федерер дојде до 97-мата победа на Вимблдон

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер го совлада младиот Британец Џеј Кларк со 6-1, 7-6, 6-2 за 1 час и 36 минути игра и се најде во третото коло на гренд слем турнирот Вимблдон. За Федерер, кој е втор носител, ова е 97-ма победа на тревнатите терени на Ол Ингланд клубот во Лондон.

Федерер има осум титули на Вимблдон, а со 17-тиот пласман во третата рунда го изедначи рекордот на Џими Конорс. Федерер едноставно беше пресилен за својот ривал и си закажа пресметка со Лука Пуј или Грегоар Барер во меч на кој ќе ја има улогата фаворит и би требало да дојде на две победи од стотката и рекордна 350-та на гренд слем турнирите.

Изненадување приреди Португалецот Жоао Соуса, кој со чисти 3-0 во сетови го надигра Марин Чилиќ. Во аут е и одличниот сервис Џон Иснер, кој во пет сета загуби од Казахстанецот Михаил Кукушкин.

- Оглас -

Најнови вести