Роџерс: Против Манчестер можеме до резултат со кој ќе го шокираме светот

Менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс е многу задоволен од тоа како неговите фудбалери ја одиграа оваа сезона. На едно коло до крајот Лестер е во трка за место кое води во Лигата на шампиони, а најголем ривал му е Манчестер јунајтед.

Токму Црвените ѓаволи се последниот противник на Лестер сезонава. Во директен дуел двата клуба ќе решаваат кој ќе биде во Топ 4, а кој ќе мора да се задоволи со играше во Лигата на Европа. Роџерс е полн со оптимизам.

„Имајќи предвид местото и начинот на кој ја стартувавме сезоната, мораме да бидеме задоволни  без разлика на резултатот од последното коло. Знам дека имаше мечеви на кои резултатите требаше да ни бидат подобри, но тоа веќе е завршена работа. Може да жалиме за дел од резултатите, но ќе биде брилијантно ако успееме победиме во последото коло и да го оствариме зацртаното. Сега имаме шанса да оствариме резултат со кој ќе се шокираат многумина низ целиот свет“, вели Роџерс.

 

- Оглас -

Најнови вести