Родман: Изненаден сум што уште сум жив!

Денис Родман, еден од најконтроверзните кошаркари во историјата, во мај наполни 60 години, а сега изјавува дека не ни помислувал дека ќе дочека да живее шест децении.

Родман, кој во НБА-лигата освои пет шампионски титули, две со Детроит пистонс и три со Чикаго булс, во минатото беше и дефанзивец на годината, а беше еден од најуспешните собирачи на скокови на сите времиња.

„И јас лично сум изненаден што уште сум жив. Многумина мислеа дека ќе умрам на 40, 45, 50, 55 години, но јас сум тука и со 60. Како некој да ми ја држи раката на рамо и ми помага да ги пребродам сите проблеми и да го исполнам тоа поради што сум тука, на овој свет“, вели Родман, кој има бурен живот.

- Оглас -

Најнови вести