Родман: Мадона ми нудеше 20 милиони долари за да ѝ направам дете

Славната пејачка Мадона му нудела 20 милиони долари на Денис Родман за да имаат заедничко дете. Барем така тврди контроверзниот некогашен кошаркар.

Родман пред 25-26 години беше во врска со Мадона, а таа сакала да имаат дете.

„Бев во Лас Вегас кога таа од Њујорк ми се јави на телефон и ми рече: Денис, знаеш дека овулирам? Јас ја прашав што е тоа? Таа испрати приватен авион за да одам кај неа и да имаме секс. Потоа ми предложи да ми даде 20 милиони долари ако ја затруднам“, вели Родман, кој сега има 58 години, а тогаш наместо да оди кај Мадона, продолжил да се коцка.

Родман има признаено три деца, но ниту едно од тие не му е со Мадона. Најстарата ќерка му е со првата сопруга Ени Бејкс, а другите две деца (син и ќерка) ги има со третата жена, Мишел Мојер.

- Оглас -

Најнови вести