Родман направил хаос, не сакал да стави анти-ковид маска во авион

Еден од најконтроверзните кошаркари на сите времиња, Денис Родман, и како спортски пензионер продолжува да прави проблеми.

Овојпат Родман за жива глава не сакал да ги почитува задолжителните протоколи и да стави маска за време на летот од Лос Анџелес до Форт Лодердејл на Флорида, па кога авионот слетал, НБА легендата бил уапсен.

Родман кој има 60 години, бил опоменат неколку пати, а тој се оправдувал дека не може да дише со маска преку носот и затоа ја вадел. По разговор со полицијата која го привела, Родман бил пуштен на слобода, без да плати казна.

- Оглас -

Најнови вести