Родри жестоко ја прослави Златната топка, се пеело и „Бела чао“ како скриена порака до Винисиус? (Видео)

Родриго Ернандес од Манчестер сити синоќа стана првиот Шпанец по пауза од 64 години кој ја добил Златната топка за најдобар фудбалер во изборот на „Франс фудбал“, од годинава поддржана и од УЕФА, па логично беше Родри да го прослави големиот личен успех.

Плејмејкерот е повреден и не може да скока и долго да стои без помош од патерици, но и седнат жестоко прославувал, како што може да се види на снимките. Се пееле „Rodri is on fire“ и „Bella ciao“, а некои навивачи на Реал Мадрид кои не можат да се помират со „неправдата“ што Винисиус не е освојувач на наградата велат дека „Бела чао“ се пеела и со верзија „Винисиус чао“, но тоа се разбира го нема на видеото кое го објави Манчестер сити.

https://twitter.com/i/status/1851209252196827571

- Оглас -

Најнови вести