Родриго ја воскресна Валенсија со хет-трик

Валенсија се надмина, успеа да анулира негатива од 0-1 во реваншот од четврт-финалето на шпанскиот куп и со хет-трикот на Родриго го елиминира Хетафе.

Гостите од Мадрид со експресниот погодок на Молина во 38-мата секунда поведоа со 1-0 и ја удвоија предноста од првиот меч, кога победија со 1-0.

Домаќините долго се будеа од шокот, а ги размрда погодокот на Родриго во 61-вата минута. За пласман во полуфиналето им требаа уште два гола, а ги постигна истиот играч и тоа во самиот финиш.

Родриго беше прецизен во 92-рата и во 93-тата минута за големо славење на „Месталја“ и сега шок за Хетафе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести