Ролан Гарос остана и без најдобрата светска тенисерка, Барти се предаде

Женскиот тенис на Ролан Гарос трпи нов хендикеп по предавањето на Ешли Бари, моментално најдобрата тенисерка во светот, само по еден сет во дуелот од второто коло против Магда Линет.

Барти се пожали на болки во левиот колк, по што не можеше да продолжи со натпреварот во кој го загуби првиот сет со 1-6, па застана при егал од 2-2 во гемови во вториот сет. Барти се надеваше дека ќе го повтори успехот од 2019 година, кога го освои првиот гренслем во Париз, но таква прилика ќе чека дури следната година.

Со откажувањето на Барти, Отвореното првенство во Франција загуби уште една фаворитка за титулата откако Наоми Осака пред неколку дена се повлече од натпреварувањето поради психички здравствени проблеми.

- Оглас -

Најнови вести