Ролан Гарос преместен за септември

Отвореното првенство на Франција, или попознато како Ролан Гарос, е преместено за септември, наместо да започне како што првично беше планирано, кон крајот на мај. Организаторите на шампионатот го преместија датумот поради пандемијата со Коронавирусот која прави хаос во Европа, па затоа ќе се одржи од 20 септември до 4 октомври.

Од веќе познати причини, претходно се откажаа речиси сите спортски првенства на Стариот Континент, додека воедно АТП и ВТА ги откажаа сите тениски турнири кои беа предвидени за март и април.

Бранителите во машка и женска конкуренција на Ролан Гарос се Рафаел Надал и Ешли Барти.

- Оглас -

Најнови вести